Вардар ќе им даде 50% попуст на верните навивачи, но цените се „изгор“

by
2 минути читање

Навивачите на
Вардар се желни за европски фудбал и фудбал на врвно ниво, па сите се радуваат
на долгото лето во Европа.

Со нетрпение се
очекуваше пресметката со Фенербахче на која може да се испише нова историја и
да се обезбеди настап во групната фаза од Лига Европа.

Но многумина
останаа разочарани кога Вардар денеска ги соопшти цените на билетите.

На верните фанови
им следува 50% попуст, но цените се „изгор“ па и со намалени цени ќе треба да
одвојат 1000, 1250 и 1500 денари.

Вардар исто така
вели дека поради безбедносни причини но и голем интерес, целата јужна трибина
ќе биде отстапена за навивачите на Фенербахче, кои ќе мора да платат по 2000,
2500 и 3000 денари.


„Од среда
(09.08.2017 година) почнува продажбата на билети за натпреварот од плеј-офот од
Лигата на Европа помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра на 17-ти август на
„Телеком Арената“ во Скопје“
– гласи известувањето“

„Цената на
билетите ќе изнесува 2.000, 2.500 и 3.000 денари“.

„ВАЖНА НАПОМЕНА:
Имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа пристугни на натпреварите
со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од
минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаат 50% попуст при купување на
билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари“

„При купување на
билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош)“.

„Поради големиот
интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената“ ќе биде
резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи,
можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од
стадионот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани