779
Офанзивецот
Александар Трајковски почна добро во пресрет на новата сезона со Палермо,
Сицилијанците славеа со 5-0 над нисколигашот Виртус Франквила и се пласираа во
третото коло од Купот на Италија.
„Ова се мои
моменти…“ рече Трајковски по одличниот старте во пресезонските подготовки на
својот тим Палермо, кој не успеа да избори опстанок во елитното друштво на
Италија ланската сезона, па оваа ќе игра во Серија „Б“.
„Ова беше многу
важен натпревар за нас, со оваа победа ја билдаме самодовербата, среќен сум
поради играта која ја прикажав, се подготвивме одлично во пресрет на новата
сезона, мислам дека можеме да ја оствариме зацртаната цел која ја поставивме“
додаде Трајковски.