Веќе се познати и
официјалните детали од неговиот трансфер во тимот од Лисабон, 25 годишниот бек
во Спортинг доаѓа како позајмен фудбалер од Ријека.
Ристовски ќе биде
како позајмен фудбалер во португалскиот гигант до крајот на сезоната, по што
Спортинг ќе има можност да го откупи целосно за сума од 2,250 милиони евра.
Сево ова доаѓа се
чини на задоволство на сите три страни, најнапред на Спортинг, потоа на
Ристовски, а тука секако и Ријека која се чини дека не најде заеднички јазик со
нашиот фудбалер за продолжување на соработката, неговиот договор со хрватскиот
првак истекуваше идното лето а сите страни се договорија.
Она што е исто
така познат детал од преселбата на Ристовски во Спортинг е фактот што тој ќе
мора да одигра 20 натпревари претстојнава сезона за тимот од Лисабон да ја
исполни гаранцијата за откуп на неговиот договор.
Доколку се мине
според очекувањата, исполнување на условите значи и активирање на клаузулата во
договорот помеѓу двата клуба, со тоа што Ристовски на крајот од оваа сезона ќе
потпише четиригодишен договор со Спортинг Лисабон, а Ријека иако имаше договор
до идното лето со нашиот репрезентативец, на крајот ќе мора да се задоволи со
2,250 милиони евра, иако за него бараше речиси двојно повисока сума.
Нашиот
репрезентативец веќе ги поздрави фановите на неговиот нов клуб, како го направи
тоа, погледнете – ТУКА.
Извор/Фото:
record.pt