Стефан Ристовски направи голем трансфер потпишувајќи за португалскиот гигант, Спортинг Лисабон. Претседателот на клубот изјави дека Македонецот инсистирал на трансфер и не сакал да настапи на средбите со Олимпијакос.
Ристовски со писмо на социјалните мрежи ја објаснува ситуацијата и се заблагодарува на Ријека.
„Моја Ријеко… дојде и тој ден да се разделиме, сакам да кажам дека не беше така како што се зборуваше овие денови… се зборуваа многу лоши работи за мене… но верувајте дека работите кои се случија едноставно беа најдобар избор за клубот и за мене… не сакам да влегувам во проблеми… сакам само да останам запаметен како добар човек и добар играч кој го давал максимумот за Ријека. Сакам да останам добар со сите вас, поминаа две незаборавни години, дојдовме прв пат до шампионскиот пехар, остваривме нешто во што никој не веруваше… станавме двојни шампиони… тоа беа преубаво и незаборавни случувања во животот. Запознав вистински тим, вистинска екипа, вистински пријатели, вистински град и вистински навивачи. Ријека засекогаш ќе остане во моето срце, засекогаш ќе останам Ријечанин каде и да бидам. Горд сум и ви благодарам за се! Ви благодарам што ме направивте ваков каков што сум. Ваш Риле“ – стои во писмото на Ристовски.