Деби од соништата за Елмас во дресот на Фенербахче, навивачите на турскиот гигант со воздишки на трибините!

by
1 минути читање

Фенербахче
славеше минимална победа против Калјари во контролен меч помеѓу овие две екипи,
она што нам не радува е фактот што нашиот фудбалер, 17 годишниот Елиф Елмас
одигра фантастичен натпревар во дебито за својот нов клуб каде премина ова
лето, гигантот Фенербахче.

Од тоа што
можевме да го забележиме, Елмас беше целосно во фокусот на вниманието, а имаше
и зошто, неколку негови потези примамија воздишки на трибините, тој постојано
беше во кадар во рамките на преносот на мечот, а не се штедеше ниту коментаторот
кој постојано говореше за него.

Во една прилика за време на мечот, коментаторот не заборави да спомене за неговиот фантастичен настап против гигантот Шпанија играјќи во дресот на сениорската селекција на Македонија.

Медиумите во
Турција најавија дека Елмас ќе добие прилика за настап на денешната контролка,
а денес излезе потврдна информација во пресрет на контролката, меѓудругото на
трибините беше потесното семејство на нашиот фудбалски бисер, и треба да биде и
повеќе од гордо на настапот на нашиот фудбалер кој го носеше дресот со број „21“
за Фенербахче.

Ќе издвоиме и
дека улогата на Елмас беше офанзивна на теренот, а тој имаше одлична
комуникација со стрелецот на единствениот гол, Метју Валбуена со кого имаа
одлична соработка во градењето на акциите.

Фенербахче
дефинитивно доби фудбалски бисер во своите редови, па не чуди воопшто на
изјавата на еден од челниците на клубот кој навести дека Елмас ќе вреди 50
милиони евра на трансфер пазарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани