Се одиграа натпреварите од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига, сите со исклучок на еден кој подоцна е закажан за в Битола.
Изненадувања во оваа рунда практично немаше, а водечки екипи се Гостивар и Силекс пред Работнички. Гостиварчани со голот на Машике го скршија отпорот на Тиквеш и славеа со 1-0, за да се одржат на водечкото место.
Силекс се радуваше во дербито на „Чаир“, каде што го совлада домаќинот Шкупи (0-2). Двоен стрелец за кратовчани беше Дарко Додев.
Работнички со пресврт дојде до убедлив триумф против Беса (4-1). Поведоа гостите преку Ракипи, но „романтичарите“ бргу израмнија со голот на Рашид. Во вториот дел со погодоците на Гандо и два на Али Регба домашните се вратија на победите во ПМФЛ по четири кола.
Нерешени 1-1 одиграа Брера и Струга во Струмица, додека без победник и голови заврши средбата меѓу Воска и Вардар (0-0).