На Барселона не оди во последните натпревари, а тренерот Ханси Флик по вчерашното реми против Селта изрази загриженост за ситуацијата.
Барселона против Селта имаше предност до 84. минтуа од 0:2, но на крајот дозволи домаќините со два брзи гола да дојдат во бод.
Сепак, германскиот стратег истакна дека за него проблемот не е само во тие десет минути, ниту во исклучувањето на Касадо кое се случи две минути пред првиот гол на Селта.
„Не е проблемот само во последните десет минути, проблемот е во цел натпревар. Игравме навистина лошо. Прелесно им дозволивме да дојдат до бод. Не размислував за замена на Касадо откако доби жаолт картон бидејќи не го правам тоа. Но, не е проблемот ниту во исклучувањето, туку во нашата игра. Секако дека сакаме да ја промениме ситуацијата, фудбалерите не се задоволни, никој не е задоволен“, изјави Флик.
Исто така во медиумите се пишува и дека Флик по натпреварот одржал итен состанок на кој разговарал со фудбалерите и јасно им кажал што не му се допаѓа и што треба да поправат.