9
Екипата на Барселона на неверојатен начин остана без три бода во натпреварот против Селта кој заврши без победник 2:2.
Барселона поведе по само 15 минути игра кога Рафиња се запиша во листата на стрелци. На семафорот стоеше 0-1 се до 61. минута кога Левандовски стрелаше за зголемување на водството.
Изгледаше дека Барселона сигурно чекори кон триумфот, а потоа во завршните десетина минути гледавме шокантен развој на настаните. Прво исклучен во 82. минута беше Касадо, а само две минути подоцна Гонзалес по една грешка на Кунде погодува за 1-2.
Не помина многу, веќе во 86. минута Хуго Алварез постигнува втор гол за 2-2., резултат кој се покажа и како конечен.