9
Oд редовите на Вардар денеска потврдија дека на Филип Најдовски му била извршена операција на коленото, но не откри колку искусниот фудбалер ќе биде надвор од терените.
„Нашиот играч Филип Најдовски по успешната хируршка интервенција се чувствува одлично и ги поздравува сите навивачи на Вардар, заблагодарувајќи се на поддршката. За процесот на опоравувањето и враќањето во тренажниот процес клубот навремено ќе информира“, објавија црвено-црните на социјалните мрежи.
Вардар утре во рамките од 15. коло го чека натпревар против Воска Спорт на гости во Охрид.