Темелков херој на Македонија Ѓорче Петров против Камјани

by Стефан
1 минути читање

Македонија Ѓорче Петров стигна до важни три бода во првиот натпревар од петтото коло во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со минимални 1-0 го совлада Камјани.

Во првото полувреме се играше израмнето, со шанси пред двата гола, но мрежите мируваа.

Стефан Темелков беше човекот на одлуката кој на 20-тина минути пред крајот најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и со прецизен удар го постигна единствениот гол на натпреварот, вреден три бода за Македонија ЃП.

За ѓорчепетровци ова беше победа која доаѓа по поразите од Пелистер и Брера. Со новите три бода, Македонија ЃП сега има седум бодови од пет одиграни натпревари.

Денеска на програмата беше закажан и дуелот на Брера и Работничи, но тој беше одложен поради настап на струмичкиот тим во младинската Лига на шампиони

Можно е и ова да ти се допаѓа

×