Тренерот на Лидс пред мечот со Болтон добиваше „ургенции“ за Алиоски да биде стартер, еве од кого… (ФОТО)

by
2 минути читање

Езгјан Алиоски
веќе дебитираше во дресот на Лидс јунајтед во Чемпионшип дивизијата на
Англија,и тоа со победа на гостувањето кај Болтон од 2-3 уште во првото коло.

Нашиот фудбалер одигра 85 минути на овој натпревар а притоа реализираше и една асистенција во трите гола на својот тим.

Интересна вест ни
пристигнува од Островот, таму пак пишуваат дека шпанскиот стратег од клупата на
Лидс јунајтед од фановите на тимот добивал пораки на социјалните мрежи за во стартните 11 да се најде и
нашиот 25 годишен офанзивец.

Фановите на Лидс
се мошне активни на Твитер барајќи од Томас Кристиансен да го запише Езгјан
Алиоски во стартната постава за дуелот со Болтон
“ напиша вчера пред мечот „Фудбал Инсајдер“,
токму тоа и се оствари, а како изгледаа напорите на фановите на Лидс да го
видат Алиоски во почетниот состав против Болтон, погледнете во продолжение…

Следен предизвик за Лидс и Алиоски е дуелот против Порт Вејл во среда, во рамките на англискиот Лига Куп, во првото коло од ова натпреварување, каде тимот на нашиот репрезентативец е домаќин.


Фото-вест:
Leeds United (Facebook)

Извор: footballinsider247.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани