10
Српскиот фудбалер Душан Тадиќ имаше понуда да се пресели во Саудиска Арабија и да добие плата каква што не би добил никаде на светот.
Искусниот плејмејкер имаше шанса да заигра заедно со Кристијано Роналдо, бидејќи на маса имаше понуда од Ал Наср. Сепак, Србинот е во групата фудбалери кои не сакаат да заиграат во саудиското првенство.
Така, Тадиќ ја одбил понудата од десет милиони евра. Тој сака да остане во Истанбул и да настапува во Фенербахче на Мурињо.
Ниту во Турција српскиот ас нема ниска плата, заработува сосема солидни 4,5 милиони евра по сезона.