Елмас му го честиташе роденденот на Ван Перси, Македонецот денес се очекува да дебитира за Фенер (ФОТО)

by
1 минути читање

Фенербахче го
мина Штурм и се пласираше во плејофот од квалификациите за Лига Европа, токму
Вардар е противникот на турскиот гигант во таа фаза.

Денес, тимот од
Истанбул треба да одигра контролен меч против италијанскиот калчолигаш Калјари
(19,30 часот).
Како што најавија од Турција, се очекува на денешната контролка деби да има нашиот суперталентиран фудбалер, 17 годишниот офанзивец Елиф Елмас.

Вчера во
соблекувалната на Фенер за момент имаше роденденско славје, соиграчите, меѓу
кои и нашиот Елмас, му го честитаа 34 роденден на  холандскиот напаѓач Робин Ван Перси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани