Според последните најави во Италија ќе биде во веден и трет преоден рок.
Последните информации се дека италијанскиот фудбалски совет го прифатил предлогот на Серија А да се воведе дополнителен преоден рок за јуни следната година.
Причина за овој преоден рок е Светското клупско првенство кое наредната година за првпат ќе се игра ос 32 клуба. Турнирот е закажан за од 15 јуни до 13 јули, а на многу фудбалери договите или позајмиците им завршуваат на крајот на јуни и тоа би било проблем
Со воведувањето на преодниот рок клубовите би добиле можност да регистрираат фудбалери.
Се уште се чека официјална потврда, меѓутоа не би требало да има некаков пресврт и да не се воведе. Преодниот рок ќе важи за сите клубови, а не само за учесниците.