Рис Џејмс го носи епитетот најголем баксуз или најнесреќен фудбалер во модерниот фудбал.
24-годишникот по одличниот старт на кариерата во Челси наиде на сериозни проблеми со повредите. Тој не може глава да крене, влегува од повреда во повреда и од сезоната 2020/21 досега дури 14 пати отсуствуваше поради таа причина. Оттогап досега отсуствуваше вкупно 540 дена и пропушти 103 натпревари за Челси.
Бекот кој во август 2023 година ја доби капитенската лента од Челси пак се повреди. По пропуштениот старт на сезоната, Џејмс се врати против Ливерпул минатиот месец. Играше против Њукасл и Манчестер Јунајтед од првата минута, па влезе од клупата со Арсенал.
Сега Рис Џејмс пак се повреди, а се работи за тетивата на коленото и проблеми со мускулите.
- Историја на повредите на Џејмс:
повреда на зглобот (14 дена, 4 натпревари, сезона 20/21)
повреда на задниот бутен мускул (25 дена, 5 натпревари, сезона 20.21)
повреда на задниот бутен мускул (49 дена, 11 натпревари, сезона 21/22)
недоволно подготвен (10 дена, 2 натпревари, сезона 21/22)
повреда на мускулите (18 дена, 5 натпревари, сезона 21/22)
повреда на коленото (95 дена, 16 натпревари, сезона 22/23)
повреда на задниот бутен мускул (4 дена, 1 натпревар, сезона 22/23)
болест (6 дена, 1 натпревар, сезона 22/23)
повреда на бедро (5 дена, 0 натпревари, сезона 22/23)
повреда на задниот бутен мускул (36 дена, 7 натпревари, сезона 22/23)
повреда на задниот бутен мускул (54 дена, 9 натпревари, сезона 23/24)
операција (151 ден, 29 натпревари, сезона 23/24)
повреда на задниот бутен мускул (66 дена, 11 натпревари, 24/25)
нова повреда на задниот бутен мускул (активна)