Фудбалерите на Челси почнаа да се стабилизираат по големите турбуленции во изминатите сезони, по преземањето на клубот од страна на Тод Боели.
По неколкуте тренерски промени, делува дека тимот се стабилизира под водство на Енцо Мареска. Според него, Челси е на добар пат и со неколку добри засилувања следното лето може да се бори пак за трофеи.
„Треба прво добро да ја завршиме тековната сезона. Ако тоа се случи, во следната ќе бидеме уште позрели и ќе напредуваме многу. Клубот мина турбуленции во изминатите години, ама сметам дека се стабилизиравме. Имаме навивачка база која е гладна за успеси, знае дека клубот е меѓу најголемите во Европа. Ако добро се засилиме следното лето, мислам дека следната сезона ќе бидеме меѓу најдобрите екипи во Премиер лигата и ќе се бориме за трофејот“, изјави Мареска.
Челси во последните три години има еден „пост“ за титули. Последно во 2021 година ги освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, а на домашната сцена чека на трофеј од 2018.