Жозе Мурињо опипал терен за преселба на Кристијано Роналдо во Фенербахче, тренерот му се јавил на својот сонародник и го прашал дали е среќен во Ал Наср.
Жозе Мурињо сака да реализира трансфер бомба, „специјалниот“ сака да го донесе Кристијано Роналдо во Фенербахче.
Тренерот му се јавил на својот сонародник, за да го праша дали е заинтересиран за преселба во Истанбул.
„Дали си среќен во Ал Наср? Има гласини дека сакаш да си одиш, па ако навистина сакаш да си одиш, дали би се преселил во Фенербахче“ – наводно му рекол Мурињо на Роналдо.
Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија заработува преку 200 милиони евра годишно, па останува да се види дали е подготвен да се откаже од огромно богатство за уште една авантура во Европа.