Манчестер Сити ќе бара засилувања во зимскиот преоден рок, а јасно е дека на клупата уште една сезона до јуни 2026 ќе остане Пеп Гвардиола.
Шпанскиот тренер има една желба која сака клубот да му ја исполни во зимскиот преоден рок, а тоа е капитенот на Њукасл – Бруно Гимараеш. Бразилскиот играч за врска размислува за промена на средината поради кризата на „Сент Џејмс Парк“, па самиот откри дека Гвардиола го посакува во Манчестер.
„Зборував со Пеп и тој ми кажа дека му се допаѓа мојот стил на игра. Фактот дека ме посакува Сити е потврда за мојот квалитет“, потврди Бразилецот.
Јасно е дека Њукасл нема лесно да се откаже од својот капитен. Според Трансфермаркт, пазарната цена на Гимараеш е 85 милиони евра, па Сити ќе мора да си го одврзе ќесето.