Ријека потврди: Стефан Ристовски оди во Спортинг Лисабон!

by
1 минути читање

Претседателот на Ријека, Дамир Мишковиќ, за „Радио Ријека“ потврди дека Стефан Ристовски наскоро ќе стави потпис на договор со Спортинг Лисабон.

„Да, вистина е, Ристовски е пред заминување, а ќе биде готово кога ќе биде средена целата документација“ – потврди претседателот Мишковиќ.

„Ристовски не сакаше да го продолжи договорот. Во последниот месец дена ние двајцата многу зборувавме, но тој едноставно остана на своето. Следното лето ќе биде слободен играч, а оваа зима веќе ќе може да преговара со заинтересираните клубови и да замине без отштета“.

Ристовски, неговиот менаџер и Спортинг Лисабон не сакале тој да остане и да ги одигра и натпреварите против Олимпијакос.

„Немаше разбирање за тоа од другата страна. Играчот, неговиот менаџер и Спортинг Лисабон инсистираа тој веднаш да замине. Му понудивме дури и пари за тие два натпревари против Олимпијакос, но не сакаа. Немавме друга опција, моравме да го продадеме бидејќи во спортивно ќе можеше да си замине без пари. Му благодариме за се што направи за Ријека, за сите фантастични игри“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани