87
Иако пред само неколку денови излезе информација дека Спортинг Лисабон постигнал договор со Стефан Ристовски околу
личните услови на нашиот фудбалер, и дека неговиот меч против Салцбург во
реванш пресметката од квалификациите за Лигата на шампионите беше негов
последен во дресот на Ријека, сепак, најновите информации кои во јавноста ги објави „Рекорд“ ги демантираат тие
шпекулации.
„Рекорд“ денес
излезе со вест во која вели дека преговорите помеѓу Спортинг Лисабон и Ријека
за Ристовски се вратени на нула, со тоа што португалскиот тим веќе почнал да
бара други алтернативи.