Аргентина со 1-0 го совлада Перу благодарение на гол на Лаутаро Мартинез, Бразил на свој терен одигра 1-1 против Уругвај, Еквадор дојде до гостински триумф кај Колумбија од 1-0.
Аргентинците славеа минимална победа, но голот кој го постигнаа беше извонреден. Меси направи извонредна асистенција до Лаутаро Мартинез, а тој со прекрасен волеј погоди за победа од 1-0.
Уругвај водеше во Бразил со гол на Феде Валверде во 55. минута, седум минути подоцна Герсон даде гол за израмнување на 1-1. Тоа беше конечниот резултат.
Еквадор со гол на Валенсија уште во седмата минута ја победи Колумбија на нејзин терен со 1-0. Гостите од 34. минута играа со фудбалер помалку поради црвен картон, но го сочуваа водството до крај.
Резултати:
Боливија – Парагвај 2-2
Колумбија – Еквадор 0-1
Аргентина – Перу 1-0
Чиле – Венецуела 4-2
Бразил – Уругвај 1-1