24
Албанија имаше директен дуел со Украина за втората позиција на табелата, и тоа на домашен терен, но загуби со 2-1 и падна на последната позиција која ја води во Лига Ц.
Почетокот беше шокантен за Албанците, по само десет минути игра Украина веќе имаше водство од 2-0 со голови на Зинченко и Јаремчук.
Албанија успеа да се врати со гол на Бајрами од пенал во 75. минута, но не успеа да го избегне поразот.
Во другиот натпревар од оваа група Чешка ја победи Грузија со 2-1.
Првото место кое носи директна промоција во Лига А го освои Чешка, втора е Украина, тие ќе играат плејоф за место во Лига А. Грузија е трета и ќе игра плејоф за опстанок во Лига Б. Албанија заврши како последна и директно испаѓа во Лига Ц.