Душан Влаховиќ ќе го пропушти дербито против Милан во сабота, како и пресметката против Астон Вила во Лигата на шампиони, напаѓачот нема посериозна повреда, но ќе мора да одмори неколку дена.
Душан Влаховиќ утрово пристигна на детални прегледи во Торино откако синоќа се пожали на повреда на натпреварот помеѓу Србија и Данска во Лигата на нации.
Добра вест е тоа што напаѓачот нема посериозна повреда, но лоша е тоа што ќе мора да одмори неколку дена и нема да биде во комбинација за дуелот против Милан во сабота во Серија А, и Астон Вила во среда во Лигата на шампиони.
Ова му создава главоболки на тренерот Тијаго Мота, кој нема друг напаѓач на располагање и ќе мора да игра со „лажна 9-ка“, се очекува на дербито против Милан оваа улога да му припадне на Кенан Јилдз.