Според последнитеи нформации од Островот, Кристијан Пулишиќ е на радарот на клубови од Премиер лигата.
Пулишиќ во Милан дојде минатата сезона по лошата епизода во Челзи, а во редовите на италијанскиот тим беше претставен како некој кој може да биде еден од лидерите тимот.
И прикажа солидни настапи бидејќи на 15 натпревари во сите натпревари сезонава беше стрелец на седум гола, додаде и пет асистенции. Со таква форма го привлече вниманието на англиските клубови кои се обидуваат да го вратат во Премиер лигата.
Во редот за Пулишиќ наводно стојат: Ливерпул, Манчестер јунајтед и Вес Хем. Кариерата Пулишиќ ја започа во Борусија Дортмунд каде што остави најдобар впечаток, а потоа се пресели во Челси.
Сепак, клубот кој ќе сака да го доведе ќе треба да издвои и солидна сума на пари бидејќи неговиот договор истекува во 2027 година.