Одличните
резултати кои ги постигнаа шампионот и вицешампионот на Македонија, Вардар и
Шкендија, Европа, им донесеа големи поени на ранг листата на УЕФА, која беше
освежена со најновите податоци токму денеска.
Споредбено со претходното
рангирање, Вардар бележи прогрес од 51 место, Шкендија се искачи за 82 места погоре, додека пак Работнички се
искачи 27 места погоре на ранг листата..
Ова се
рангирањата на трите најдобри македонски фудбалски тима: Вардар (202),
Шкендија (241), Работнички (278).
Ќе издвоиме и
неколку интересни детали, Вардар е пред Макаби Хаифа, Црвена Звезда, Видеотон,
Кукеши, Динамо Тбилиси… Шкендија пак се наоѓа пред Дуделанж, Кола Еш, Жилина,
Спартак Трнава… Работнички е пред Сараево, Од Гренланд, Тромзо…
МАКЕДОНИЈА ПРЕД
СРБИЈА, БУГАРИЈА, СЛОВАЧКА…
Она што е
интересно, е фактот што Македонија благодарение најмногу на успехот на
Шкендија, која има четири победи од вкупно шест натпревари досега во квалификациите
од Лига Европа, со просек од 2,375 нашата земја се наоѓа пред Србија, Бугарија,
Словачка…
Шкендија има 9.5
бода, додека пак Вардар освои 4.5 од досегашните настапи во Европа.
Водечка екипа во
Европа е Реал Мадрид, актуелниот европски првак, по него следат Атлетико
Мадрид, односно Барселона.
Извор:
uefa.com