Репрезентацијата на Холандија ќе ја затвори Лигата на нациите против Босна и Херцеговина.
За овој натпревар селекторот Роналд Куман одлучи да даде поштеда на две ѕвезди. Против Босанците нема да настапат Вирџил Ван Дајк и Френки Де Јонг, играчи кои се меѓу најзвучните во оваа репрезентација.
„Подобро Френки и Вирџил веднаш да го напуштат нашиот камп, отколку да патуваат со нас. Оваа одлука ја донесовме од медицински причини, пред се поради најдобар интерес на играчите“, изјави Куман.
Капитенот Ван Дајк и асот на Барселона ќе се вратат во своите клубови со цел да бидат подготвени за следните предизвици, а со сигурност ќе му недостигаат на националниот тим.
Холанѓаните веќе го обезбедија своето место во плеј-офот, а од друга страна Босна и Херцеговина е „прежалена“ и ќе испадне во Лига Б.