Франција го освои „Сан Сиро“ и го украде првото место од Италија, Израел залудно ја победи Белгија (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Рабио

Франција со 1-3 славеше на гостувањето кај Италија за прво место во групата и подобра ждрепка, Израел со 1-0 ја совлада Белгија, но триумфот беше залуден, „сино-белите“ се селат во ранг подолу.

Франција заврши како прва во Група 2 и ќе биде помеѓу носителите во ждрепката за четвртфинале во Лигата на нации откако вечерва со 1-3 славеше на Сан Сиро против Италија.

„Триколорите“ поведоа веќе во 2. минута, Дињ нафрли од корнер а Рабио со глава погоди за 0-1.

Дињ имаше улога и при голот за водство од 0-2, левиот бек убаво биеше од слободен удар во 33. минута, ја погоди пречката, но на негова среќа, топката од грбот на голманот Викарио, заврши во мрежата.

Италија веднаш се врати во игра, Камбијасо намали на 1-2 во 35. минута, резултат кој им одговараше.

Сепак, еден нов прекин во 65. минута од мечот одново беше кобен, Дињ нафрли а Рабио реализираше за 1-3.

На вториот натпревар од оваа група, Израел со 1-0 ја совлада Белгија, но триумфот беше залуден, „сино-белите“ останаа последни и се селат во ранг подолу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани