Барбарез збесна на прашање за оставка по срамниот пораз од Германија: Сериозен ли си? (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Репрезентацијата на БиХ синоќа го доживеа највисокиот пораз во својата историја откако на гостувањето во Германија загубија со 0-7.

Логично беше по мечот, еден од новинарите да го праша селекторот Сергеј Барбарез дали размислува за оставка. Легендарниот напаѓач, кој сега е во улога на предводник на националниот тим, да се изнервира и жестоко да одговори.

„Сериозен си со ова? Ако беше спортист, немаше да размислуваш за вакви глупости. Затоа и сме тука каде што сме, бидејќи противниците ги нарекуваме аматери. Поразите мораат да болат, но не излеговме на терен за да глумиме, туку да се обидеме нешто да направиме. Во стартната постава имаме 7-8 фудбалери кои се под 23 години. Мислам дека гледаш колку играчи недостасуваа и што мораме да правиме“, рече, меѓу другото, Барбарез.

Со овој пораз БиХ дефинитивно ги загуби шансите за опстанок во А-лигата на нации бидејќи во пресрет на последното коло заостанува четири бода во однос на Унгарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани