Бизнис лига: Лукоил преку контра напади до победа над Халк Банка

by riste
4 минути читање

Халк Банка 2-6(0-4) Лукоил

Халк Банка: Мартин Дамевски 31”, Влатко Блажевски 37”

Лукоил: Горан Стојанов 2”, Димитар Иванов 7”, Петар Лефков 13” 19” 35”, Лоренцо Николоски 36”

Екипите на Халк Банка и Лукоил во овој натпревар влегоа максимално мотивирани со сериозен пристап уште од самиот старт на натпреварот. Во текот на првото полувреме иницијативата ја превзеде Лукоил кој играше цврста одбрана која им овозможуваше да отворат брзи контра напади преку кои доаѓаа до отворени шанси за гол. Лукоил успеваше да ги реализира контра нападите и од минута во минута да стекнува резултатска предност која на полувремето изнесуваше 0-4 во корист на Лукоил.
Во второто полувреме екипата на Халк Банка заигра нешто по агресивно во делот на нападот и усепа да постигне два гола како би ја намалила предноста на Лукоил, но екипата на Лукоил потпирајќи се на своето искуство играше смирено во нападот со што пректично го трошеше времето кое работеше во нивна полза. Во ваквата поставеност Халк Банка не можеше да направи изненадување па го загуби овој натпревар со 2-6.

Аџибадем Систина победата над Тиквеш ја посвети на Мартин Ѓоргиоски

Тиквеш 4-5(0-3) Аџибадем Систина

Тиквеш: Делчо Кировски 23” 31”, Дамјан Петревски 26”, Амар Елмази 38”

Аџибадем Систина: Даниел Боневски 14” 17”, Кристијан Димковски 14”, Игор Ѓорѓиевски 24” 37”

Екипата на Аџибадем Систина одлично го отвори дуелот со Тиквеш и тоа во втората половина од првото полувреме кога Боневски успеа преку контра напад да постигне гол и му донесе водство на Аџибадем Систина од 0-1. По неполна минута му се приклучи Димковски кој успеа да зголеми на 0-2. До финишот на првото полувреме екипата на Тиквеш се обидуваше да најде против игра како би можела да фати резултатски приклучок но Аџибадем Систина повторно преку вечерва расположениот Боневски зголеми на 0-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Второто полувреме екипата на Тиквеш го започна со голман-играч како би можела да оствари играч плус во делот на нападот. Ова вроди со плод и уште на самиот старт од полувремето дуото Кировски – Петревски со два гола успеаа да ја намалат предноста на Аџибадем Систина. Во понатамошниот дел од натпреварот Тиквш успеа да дојде до само гол негатива но времето беше сојузник на Аџибадем Систина па Тиквеш не успеа да извлече реми од овој натпревар.

Во крајно неизвесен натпревар С.Ц. Борис Трајковски и Нетцетера ги поделија бодовите

С.Ц. Борис Трајковски 4-4(1-1) Нетцетера

С.Ц. Борис Трајковски: Даниел Апостолоски 20” 40”, Љубомир Стојановски 31”, Дарко Филимановски 34”

Нетцетера: Евгениј Костадинов 6” 26”, Теодор Димитровски 33”, Дарко Ристовски 40”

Крајно неизвесен натпревар одиграа ењкипите на С.Ц. Борис Трајковски и Нетцетера. Во текот на целото прво полувреме и на двете страни се играше брз и отворен фудбал преку кој екипите доаѓаа до изгледни шанси за гол. Прва до водство дојде екипата на Нетцетера преку Костадинов во раната фаза на натпреварот 6” кој му донесе на својот тим предност од 0-1. Екипата на Нетцетера ја задржа оваа предност се до самиот финиш на полувремето кога Апостолоски со гол успеа да израмни на 1-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. И двете екипи играа крајно израмнето гол за гол во текот на целото второ полувреме. Ваквата игра продолжи се до финишот од второто полувреме кога ниедна од екипите не успеа да постигне гол за победа па на крајот С.Ц. Борис Трајковски и Нетцетера ги поделија бодовите со конечен резултат 4-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани