43
Судиската кариера на Дејвид Кут завршува неславно, му пресуди контроверзното видео кое беше објавено од него како ги навредува Клоп и Ливерпул.
Веднаш откако видеото излезе во јавност, Премиерлигата го суспендираше Дејвид Кут, а сега истото го направија и УЕФА и ФИФА.
Тој ќе биде избркан од судиските организации и веќе нема да може да суди, но пред тоа да се случи формално, се верува дека самиот судија ќе си поднесе оставка и ќе се повлече.
Англиските медиуми израчунаа дека штетата од предвремено завршената кариера за Кут ќе изнесува еден милион евра. Наводно толку ќе заработел доколку останел да суди.