Грузиец кој никогаш не судел во Лигата на Нации ќе ни суди против Летонија во четврток

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација в четврток на домашен терен ќе игра натпреварт против Летонија во рамките од петтото коло во Лигата на Нации.

Европската куќа на фудбалот веќе го одреди и главниот судија за натпреварот. На центарот во Скопје ќе биде 33-годишниот Гога Кикачеивили кој нема преголемо интернационално искуство.

Натпреварот во Скопје за Кикачеивили ќе биде прв во Лигата на Нации. Досега на интернационално ниво Грузиецот судеше шест натпревари во европските купови и еден во европските квалификации за ЕП 2024 година, но повеќе бил присутен на младинските првенства.

Ќе потсетиме, Македонија три дена по дуелот со Летонија ќе одигра уште еден натпревар на домашен терен и тоа против Фарски Острови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани