Монтела е прв кандидат за тренерското столче во Рома!

by riste
1 минути читање

Според последните информации од Италија, претставници на Рома ја контактирале Турција за евентуалната можност Винченцо Монтела да биде новиот тренер на волчицата.

Монтела од септември 2023 година е селектор на Турција и успешно ја води турската селекција со која беше на Европското првенство.

Неговиот договор истекува во 2026 година, но има опција да плати за да биде слободен и да замине во друг клуб.

Во договорот има клаузула според која Монтела ако сака предвреме да замине од селекторската позиција, ќе треба да плати казна во висина од негова шестмесечна плата. Годишната плата му е 2,2 милиони евра, а тоа значи дека ќе треба да плати 1,1 милион евра за да го раскине договорот.

Наводно тој е подготвен да го стори тоа доколку Рома му понуди годишна плата од најмалку 2,5 милиони евра.

Се верува дека за време на репрезентативната пауза Рома ќе го назначи новиот тренер, засега Монтела е во пол позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани