Според пишувањата на АС, Реал Мадрид има пеколен план за летниот преоден рок, сака да донесе три бесплатни засилувања и да направи една голема инвестиција со ангажман на Флоријан Вирц.
По тешката повреда на Едер Милитао се пишуваше дека „кралевите“ ќе го одврзат ќесето во јануари и ќе донесат нов дефанзивец, на листата со желби се играчи како Лапорт, Лукеба и Та.
Сепак, не се исклучува можноста Реал Мадрид да се потпре на играчи од школата, со нив да ја протурка сезоната и потоа во летниот преоден рок да донесе неколку квалитетни засилувања.
Како што пренесува АС, Флорентино Перез има пеколен план кој се состои од ангажман на три бесплатни засилувања и една голема инвестиција.
Реал Мадрид сака како слободни играчи да ги донесе Трент Александар Арнолд од Ливерпул, Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен и Џонатан Та од Баер Леверкузен.
Големата инвестиција е наменета за ангажман на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, кој сигурно ќе чини преку 100 милиони евра.