Бизнис лига: ЕВН и ЈСП во крајно неизвесен натпревар ги поделија бодовите

by riste
6 минути читање

ЕВН 2-2(1-2) ЈСП

ЕВН: Ајет Новобрдалија 7”, Вилијам Миев 39”

ЈСП: Тихо Фидановски 5” 10”

Првиот натпревар од шестото коло во групата А го отворија екипите на ЈСП и ЕВН. И двете екипи во овој натпревар влегоа со максимално сериозен пристап, се играше човек на човек на двете страни. Прва до водство дојде екипата на ЈСП преку Фидановски 5”. Екипата на ЕВН по нецели две минути успеа да возврати и преку Новобрдалија 7” да израмни на 1-1. Тренерот на ЈСП во тие моменти побара тајм-аут и постави тактика која вроди со плод во 10” кога Фидановски зголеми на 1-2. Во понатамошниот дел од полувремето и двете екипи играа цврста одбрана успешно затварајќи ги сите приоди кон сопствениот гол, па на полувремето се отиде со резултат од 1-2.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со цврста одбрана, што и на двете страни го отежнуваше добро организираниот напад. Екипата на ЕВН во завршната фаза од полувремето внесе во својте редови голман-играч како би можела да го израмни резултатот. Ова им појде од рака во самиот финиш, 39”, кога преку Митев успеаа да израмнат на 2-2, резултат со кој заврш овој натпревар.

Спасовски со хет-трик го водеше Glass LUX до победа над Корпа

Glass LUX 5-2(3-1) Корпа

Glass LUX: Далибор Костовски 9”, Александар Спасовски 14 ” 36” 38”, Давид Блажевски 20”

Корпа: Дончо Аргировски 19”, Кристијан Велковски 38”

Екипата на Glass LUX одлично го отвори натпреварот со Корпа. Во 9” преку Kостовски успеа да дојде до предност од 1-0. Glass LUX со ваква игра продолжи да го напаќа голот на Kорпа и да атакува да го зголеми водството. Ова им појде од рака во 14” кога преку Спасовски успеа да поведе со 2-0. Во финишот од полувремето и двете екипи постигнаа по еден гол па на полувремето заминаа со резултат 3-1.
Во второто полувреме и две екипи продолжија да играат во висок ритам. Екипата на Корпа се обидуваше да фати резултатски приклучок играјќи пресинг по целиот терен. Но Glass LUX го имаше во своите редови расположениот Спасовски кој во финишот од полувремето со два гола го зголеми водството над Корпа. Екипата на Корпа во самиот финиш преку пенал имаше шанса да го намали резултатот но не успеа па Glass LUX славеше со конечен резултат од 5-2.

Во неизвесен натпревар ВДЛ Ван Хоол го победи Леар

ВДЛ Ван Хоол 6-4(4-3) Леар

ВДЛ Ван Хоол: Живе Ѓорѓиевски 13” 14” 16” 22”, Димче Андов 24” 30”

Леар: Благојче Симјаноски 6” 7” 12” , Марјан Ѓорѓески 20”

Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на ВДЛ Ван Хоол и Леар. Во овој натпревар на самиот почеток целосната иницијатива ја имаше Леар преку Смијаноски кој со хет-трик успеа да донесе предност од 0-3. Екипата на ВДЛ Ван Хоол по оваа негатива успеа целосно да ги консолидира своите редови. Во ваквата поставеност на игра кај нив проработе Ѓорѓиовски кој идентично со хет-трик успеа да го израмни резултатот, со што се влезе во егал натпревар, но на крајот од полувремето буквално во самиот финиш Ѓорѓески кај Леар со гол успеа да му донесе предност од 3-4, резултат со кој заврши ова полувреме.
Во второто полувреме бевме сведоци на егал натпревар. И двете екипи играа гол за гол. Ваквата игра се одвиваше се до средината на второто полувреме кога екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа преку контра напади да дојде до резултатска предност. Екипата на Леар се обидуваше да ја анулира истата, но ВДЛ Ван Хоолне дозволи изненадувања па го доби овој натпревар со 6-4.

Со колективна игра Матрикс до победа над Стопанска Банка

Матрикс 5-1(3-1) Стопанска Банка

Матрикс: Ивица Алампиоски 10”, Виктор Петровски 14”, Даниел Боневски 15”, Антонијо Богдановски 26”, Тони Брњарчевски 28”

Стопанска Банка: Кристијан Богдановски 19”

Екипите на Матрикс и Стопанска Банка дуелот го започнаа со отворен фудбал и на двете страни. И двете екипи играа цврста одбрана што им дозволуваше да отворат брз контра напад преку кој доаѓаа до отоврени шанси за гол. Екипата на Матрикс со чести измени се обидуваше да одржи висок ритам на игра. Стопанска Банка во прв момент беше изненадена и не успеа да го испрати ова темпо па Матрикс дојде до предност од 3-0. Во самиот финиш на полувремето Стопанска Банка преку Богдановски успеа да ја намали негативата на 3-1.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Екипата на Матрикс од минута во минута го зголемуваше водството. Стопанска Банка се обиде да ја анулира негативата но искуството на Матрикс не дозволи изненадување па на крајот Матрикс славеше со резултат 5-1. Мора да напоменеме дека Предраг Стојмировиќ беше еден од нај заслужните за тимскиот дух и победата на Матрикс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани