Швајцарски фудбалер замина во пензија на 22 години, религијата не му дозволува да игра во сабота

by 24 фудбал
1 минути читање

Неверојатна информација доаѓа од Швајцарија, а поврзана со доскорешниот младински репрезентативец Силван Валнер.

Ова момче на 22 години реши да стави крај на својата фудбалска кариера. Кога некои фудбалери се решаваат за такво нешто, обично се работи за здравствени проблеми.

Сепак, ситуацијата кај Валнер не е баш таква. Тој стави крај на кариерата од религиски причини. Тој е член на Слободната црква на адвентисти на седмиот ден. Се работи за црква и религија која забранува работење в сабота и во тие денови Валнер не може да игра натпревари или да тренира.

Младиот Валнер настапуваше за австрискиот прволигаш Линц, беше младински репрезентативец на Швајцарија и сега реши дека е време да се повлече поради религијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани