Да се биде или не за Јуриќ во Рома!

by 24 фудбал
1 минути читање

Рома ја очекува натпревар од четвртото коло на Лигата на Европа против Унион Сен Жилоа во Белгија.

Ова може лесно да биде последниот натпревар на клупата на „волчицата“ за Иван Јуриќ. „Скај Спорт“ пишува дека повеќе нема простор за грешки, доколку Рома не победи против белгискиот ривал со сигурност ќе дојде до тренерска смена и Иван Јуриќ ќе добие отказ. Хрватскиот стратег седна на клупата на Рома пред само десет натпревари, забележа четири победи и по три нерешени и порази.

Само победа ќе му ја спаси работата на Јуриќ во Рим, бидејќи тимот викендов загуби од Верона (3-2), а претходниот викенд доживеа дебакл од Фиорентина (5-1). Третиот пораз на Рома со Хрватот ѝ беше против Елфсборг во Лигата на Европа.

Доколку Јуриќ добие отказ прва опција за негов наследник е неговиот претходник, а тоа е Даниеле Де Роси. Други опции се Франк Лампард, Масимилијано Алегри и Пауло Соуса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани