Поразот на фудбалерите на Реал Мадрид од Милан денеска е главна тема во Шпанија.
„Кралевите“ беа поразени од италијанскиот гигант со 1:3 во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите и овој беше втор неуспех во низа на домашен терен откако претходно беа поразени во „Ел Класико“ со 4:0.
Алармот во Мадрид веќе е вклучен, а се пишува и дека бесни на своите соиграчи во соблекувланата биле Лука Модриќ и Винисиус Жуниор.
„Проблемите на теренот и надвор од него стануваат сè поголеми и ситуацијата би можела целосно да ескалира. Капката што ја прели чашата беше недостигот на интензитет кај тимот на Реал Мадрид, кој беше проследен со свирежи од трибините на „Сантијаго Бернабеу““, објави шпанскиот медиум „Дон Балон“.
Во својата реакција Винисиус и Модриќ потенцирале и дека Реал Мадрид е тим кој има традиција на пресврти во Лигата на шампионите. Незадоволни од изаднието на своите миленици беа и навивачите кои им испратија свирежи по завршувањето на дуелот.