122
Чаби Алонсо со Баер Леверкузен вечерва игра на Енфилд против неговиот поранешен клуб, Ливерпул во натпревар од новото коло во Лигата на шампионите.
Алонсо се поврзуваше и со тренерското столче на Ливерпул како идеален наследник на Јирген Клоп, но тоа не се случи.
„Ги видов гласините за замена на Клоп, но во тој период бев фокусиран на освојување на лигата“, вели Чаби Алонсо.
„Работам само за успеси на Баер Леверкузен, не преговарам со клубови“.
Алонсо во Ливерпул играше пет години, од 2004 до 2009, а потоа замина во Реал Мадрид.
„Чувството е одлично да се вратам по неколку години. Секогаш е посебно. Го сакам овој град и фантастично е да сум тука, да видам како Ливерпул се развива како клуб“.