Барса сака да ја искористи војната помеѓу Фонсека и Леао

by bojan
1 минути читање
Рафаел Леао

Барселона сака да ја искористи војната помеѓу Пауло Фонсека и Рафаел Леао, „каталонците“ се подготвени да понудат пари и еден играч со цел да го ангажираат Португалецот.

Се очекува Рафаел Леао да не го почне мечот против Монца и да биде седнат на клупа на трет натпревар во низа во Серија А.

Пауло Фонсека смета дека на напаѓачот му недостасуваат три работи, и поради тоа не го вметнува во старниот состав.

Проблематична е способноста на Рафаел Леао да се справи со притисокот, да се жртвува во дефанзивната фаза од играта и движењата без топка, кога треба да затвара простор.

Пауло Фонсека работи индивидуално со својот сонародник, како на теренот, така и при видео анализите, со цел Рафаел Леао да ги подобри бројките, но нема значителен прогрес па се говори за тензија помеѓу двајцата.

Барселона внимателно ја следи ситуацијата и сака да ја искористи војната помеѓу Фонсека и Леао за да го ангажира напаѓачот.

Деко и Жоан Лапорта се во добар однос со агентот Жорж Мендеш, кој редовно ги известува за случувањата.

„Каталонците“ го гледаат Рафаел Леао како идеално засилување за левата крилна позиицја откако летоска извисија во намерата да го купат Нико Вилијамс, и за да го реализираат трансферот, подготвени се да понудат пари плус услугите на Ансу Фати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани