Атлетико Мадрид доживотно суспендираше девет свои навивачи

by riste
1 минути читање

Девет фанови на Атлетико Мадрид веќе никогаш нема да може да го гледаат тимот на Ванда Метрополитано откако клубот им изрече доживотни суспензии.

Казните се поради расистички дела направени кон крајот на септември и почетокот на октомври, особено во дербито против Реал Мадрид.

Во текот на натпреварот помеѓу Атлетико и Реал Мадрид во Примера на 29 септември на трибината на ултрасите на „јорганџиите“ била внесена пиротехника, но исто така клубот беше казнет за недолично однесување на фановите.

Неколку дена подоцна на 2 октомври на гостувањето кај Бенфика Атлетико повторно беше казнет за однесувањето на своите навивачи. Сето ова доведе до тоа Атлетико да отвори сопствена истрага и на крајот да изрече казна од доживотна забрана на девет свои навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани