Дали Меси ќе игра на СП 2026? „Не знам, има многу време…“

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси зборуваше одново на многу популарна тема, а таа е поврзана за неговиот потенцијален настап на Светското првенство во 2026 година.

Ветеранот кој во јуни наполни 37 години настапува во Интер Мајами, јасно е дека е во залезот на кариерата, но останува да се види до кога ќе ја развлече. Засега Меси не знае да одговори на прашањето дали ќе игра на турнирот во 2026.

Не знам, вистина е дека неколку пати ме прашуваа за ова, особео во Аргентина. Се надевам годината ќе ја завршам добро, па ќе имам добра подготовка која ја немав во минатата со сите патувања. Потоа ќе видам како се чувствувам.

Знам дека сме близу до СП, но од друга страна има уште многу време дотогаш. Многу работи се случуваат во фудбалот. Не размислувам за тоа, едноставно живеам ден по ден без понатамошно размислување“, изјави Меси.

Аргентина ќе го брани трофејот од Катар, а следниот Мундијал се игра во САД, Канада и Мексико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани