122
Руд ван Нистелрој вели дека нема проблем со тоа да продолжи да биде асистент на тимот и по доаѓањето на Рубен Аморим, но тоа ќе зависи од португалскиот стратег.
Иако му се предвидува добра тренерска иднина, на Ван Нистелрој не му е испод честа да продолжи да биде асистент.
„Мотивиран сум да останам во Манчестер јунајтед, ќе му се вратам на мојот договор за асистент кој го имам тука за оваа сезона и следната“, вели Ван Нистелрој.
„Дојдов како асистент да му помогнам на клубот да оди напред и уште сум мотивиран да го правам тоа“.
Но, за тоа дали ќе остане како асистент или не, последниот збор треба да го има новиот тренер, Рубин Аморим кој можеби ќе си донесе свои луѓе.