Фабрика Карпош – ГИМ 2-3(1-1) Макпетрол
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 1” 34”,
Макпетрол: Никола Секулоски 8”, Мишо Ѓоргиовски 28”, Филип Митков 37”
Фабрика Карпош – ГИМ и Макпетрол одиграа дерби натпревар. Уште на самиот старт двете екипи максимално мотивирано влегоа во овој натпревар знаејќи ја важноста на истиот. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ уште на самиот старт во првата минута преку Илиевски успеа да поведе со 1-0, но екипата на Макпетрол по изведување на слободниот удар од страна на Секулоски во 8” успеа да го израмни резултатот. Во понатамошниот дел од натпреварот и двете екипи играа доста цврсто во одбраната со што успешно ги затвораа приодите кон противничкиот гол. Во ваквата игра ни една од екипите не успеа да постигне гол како би отишла со резултатска предност на полувремето.
Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ два пати по груби фаули од страна на Макпетрол остана со играч плус. Во ваквата игра Фабрика Карпош – ГИМ не успеа да ја искористи предноста во нападот со што му остави простор на Макпетрол да се врати во егал натпревар. Ѓоргиовски во 28” му донесе предност на Макпетрол од 1-2. Во втората половина од второто полувреме Илиевски израмни на 2-2 и кога се чинеше дека овој натпревар ќе заврши реми, екипата на Макпетрол внесе во своите редови голман-играч, тактика која вроди со плод и се покажа како полн погодок. Ова го искористи Митков во 37” кога му донесе предност од 2-3, резултат со кој заврши овој натпревар.
Искуството на ЕВН пресудно во дуелот со Транском
Транском 2-4(0-3) ЕВН
Транском: Марко Недески 29” 31”
ЕВН: Никола Атанасов 2”, Ајет Новобрдалија 19” 36”, Бојан Тодоровски 20”
Одлично прво полувреме одигра екипата на ЕВН во дуелот со Транском. Во текот на целото прво полувреме екипата на ЕВН имаше одлична поставеност во делот на нападот со што доаѓаше до отворени шанси за гол. Прва од овие шанси ја искористи Атанасов 2”. Екипата на Транском се обидуваше да најде противигра како би можела да му парира на ЕВН но во самиот финиш ЕВН преку Новобрдалија 19” и Тодоровски 20” успеа да дојде до предност од 0-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме Транском целосно ја смени тактиката. Во натпреварот влезе со голман-играч. Оваа игра што ја протежираше екипата на Транском вроди со плод во реализација на Недески 29” 31” кој со два гола успеа да го донесе Транском до само гол негатива, но екипата на ЕВН потпирајќи се на своето искуство успеа да ја задржи предноста и дојде до победа на овој натпревар од 2-4.
Живе Ѓорѓиевски со четири гола го водеше ВДЛ Ван Хоол до победа над Glass LUX
Glass LUX 0-7(0-4) ВДЛ Ван Хоол
Glass LUX 0-0:
ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 7”, Живе Ѓорѓиевски 8” 20” 32” 36”, Давид Илиевски 9” 39”
Екипата на Glass LUX и ВДЛ Ван Хоол го одиграа третиот вечерашен натпревар во рамките на 4-то коло. Екипата на ВДЛ Ван Хоол уште на самиот старт максимално мотивирано влезе во овој натпревар. Екипата на Glass LUX настапи со скратен состав и играч помалку во ротацијата со што му даде на ВДЛ Ван Хоол шанса со чести измени да игра висок ритам кој Glass LUX не можеше да ја прати. Во ваквата игра ВДЛ Ван Хоол оствари предност од 0-4 на полувремето.
Во второто полувреме Glass LUX сe обидуваше да најде противигра за вечерва расположениот ВДЛ Ван Хоол но вечерва расположениот Ѓорѓиевски постигна четири гола и успеа да му донесе убедлива победа на ВДЛ Ван Хоол од 0-7
Матрикс преку тимска игра до победа над Гранит
Гранит 3-6(0-2) Матрикс
Гранит: Дарко Петров 29”, Николче Глигуровски 38” 39”
Матрикс: Дарко Ацковиќ 3” 22”, Драган Брњарчевски 19”, Виктор Петровски 26”, Предраг Стојмировиќ 32”, Ивица Алампиоски 33”
Првото полувреме екипите на Гранит и Матрикс играа затворен фудбал со целосен акцент на играта во одбраната. И на двете страни тешко се доаѓаше до отворен шут кон противничкиот гол. И двете екипи играа човек на човек по целиот терен со што му оневозможуваа на противникот да дојде до изгледна шанса за гол. Екипата на Матрикс со голман-играч успеа да дојде до водство од 0-1 во 3” преку Ацковиќ. Се до самиот финиш на полувремето се играше егал натпревар кога во последната минута од полувремето екипата на Матрикс преку Брњарчевски успеа да зголеми на 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со одлична игра. Од минута во минута го зголемуваше водството. Во втората половина од второто полувреме екипата на Гранит успеа да најде против игра за Матрикс и со три гола резултатски да се приближи, но Матрикс не дозволи изненадување па на крајот славеше со 3-6.