59
Шпанскиот фуидбалер за врска Родри вчера во Париз ја освои „Златната топка“ на „Франс Фудбал“, а неговиот избор предизвика големо незадоволство во таборот на „кралевите“.
Ниту еден член на Реал Мадрид не се појави во Париз, а во шпанските медиуми се појави и изјава на Луис Фиго.
„Златната топка беше престижна награда се до денеска“, гласеше наводната изјава на Португалецот.
Сепак, Фиго подоцна се огласи на социјалните мрежи и најави тужба за медиумот кој ја објавил изјавата која беше пренесена и од бројни влијателни медиуми.
„Не знам од каде е таа изјава, но барам да се поправи или ќе тужам. Ова не се мои зборови, ако сакате расправија да одиме на суд“, објави Фиго.