Макастил 6-2(3-0) Bestway Solution
Макстил: Неделковски Бојан 17’ Маркоски Чедо 19’ Лазев Мартин 11’ 36’ 38’ Мухамед Исмаиљи 34’
Bestway Solution: Марко Неделковски 27’ 28’
Четвртото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Макстил и Bestway Solution. Двете екипи од самиот старт на натпреварот започнаа во високо темпо на игра и акцент ставен на брзата офанзива. Кај двете екипи по првиот дел од полувремето голманите беа на ниво на задачата и не дозволуваа лесен погодок се до 11та минута од полувремето кога екипата на Макстил преку одличен погодок на Мартин Лазев успеа да поведе со 1-0. По оваа негатива екипата на Bestway Solution притисна во предно поле со цел да дојде до израмнување на резултатот, но ваквата отворена игра ја искористи противникот за преку погодок на Неделковски успеа да зголеми на 2-0. До крајот на полувремето екипата на Макстил ја имаше контролата врз резултатот па до паузата го зголеми водството на 3-0. Во второто полувреме екипата на Bestway Solution ги консолидира своите редови и со два погодоци на Неделковски кон средината на второто полувреме успеа да дојде до само гол негатива и да намали на 3-2 што ја направи завршницата на натпреварот доста интересна. Во финишот од наптреварот блесна екипата на Макстил и преку брзи контра напади успеа да створи резултатска предност која Bestway Solution не можеше да ја стигне. Екипата на Макстил на крајот од овој натпревар славеше со 6-2.
Лукоил со колективна игра до победа над LC Waikiki
Лукоил 9-1(3-0) LC Waikiki
Лукоил: Александар Георгиевски 36’ Горан Стојанов 16’ 30’ 38’ Лоренцо Николовски 14’ 15’ 35’ Димитар Иванов 40’ Андреј Симоновски 26’
LC Waikiki: Мустафа Мустава 40’
Израмнет почеток на првото полувреме одиграа екипите на Лукоил и LC Waikiki, двете екипи во овој натпревар настапија со сериозен пристап и отворена игра. Како одминуваше времето екипата на Лукоил го зголемуваше притисокот кон голот на LC Waikiki, екипата на LC Waikiki одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеваше да се одбрани. Екипата на Лукоил во 14та минута со два погодоци во низа на Николоски успеа да ја скрши одбратана на LC Waikiki и да поведе со 2-0. До крајот на полувремето Лукоил со чести ротации одржуваше високо темпо на игра што до полувремето им донесе предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Лукоил прдолжи со одлична игра и ја имаше контролата врз топката по целиот терен. Со одлично поставен напад од минута во минута го зголемуваше водството, екипата на LC Waikiki не успеваше да најде решение за денес расположените Лукоил. Натпреварот заврши со 9-1 во корист на Лукоил.
Тиквеш со голман играч не успеа да се врати во натпреварот со ТАВ
ТАВ 5-2(3-0) Тиквеш
ТАВ: Петар Мартиновски 10’ 12’ Алмир Имер 19’ Даниел Симиќ 36’ Јованче Видински 40’
Тивкеш: Дамјан Петревски 25’ 27’
Интересно прво полувреме прикажаа екипите на ТАВ и Тиквеш, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со високот темпо. Екипата на ТАВ прва го отвори резултатот во средината на првото полувреме со погодокот на Мартиновски, а само две минути подоцна истиот го зголеми водството на 2-0. Екипата на Тиквеш се обидуваше со цврста одбрана и брзи контра напади резултатски да се врати иако имаше неколку одлични шанси кон крајот на полувремето кај Тиквеш изостануваше силна завршница па на полувремето замина со негатива од 3-0. Во второто полувреме екипата на Тиквеш успеа да ги консолидира своите редови и со два погодоци на Петревски успеа да дојде до само еден гол негатива. Ваквата игра дополнитолно ја мотивираше екипата на Тиквеш да врши силен притисок кон голот на ТАВ но ова го искористи ТАВ за со шут од далечина го изненадуи противникот и поведе со 4-2. Екипата на Тиквеш во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во својот напад и да се обиде да дојде до поволен резултат но ТАВ одлично го затвори приодот кон својот гол и на крајот славеше со 5-2.
Во инфаркт завршница Нетцетера славеше над Аптив
Нетцетера 4-3(2-1) Аптив
Нетцетера: Теодор Димитровски 21’ Евгениј Костадинов 8’ Филип Савевски 7’ Мирослав Радиќ 37’
Аптив: Александар Марковски 2’ Никола Ќамилов 32’ Марио Настевски 39’
Дуелот помеѓу екипите на Нетцетера и Аптив го отвори гостинската екипа Аптив во раната фаза од натпреварот преку Марковски во 2та минута кој им донесе предност од 0-1. По ова рано водство екипата на Нетцетера заигра доста по озбилно како во нападот така и во одбраната, ваквата игра им овозможи не само да го израмнат резултат туку и да направат целосен резултатски пресврт преку дуото Костадинов-Савевски. Во втората половина од првото полувреме и двете екипи се обидуваа преку контра напди да ги изненадат противничките голмани но голманите беа на ниво на задачата па полувремето заврши со 2-1. Во второто полувреме екипата на Нетцетера уште на самиот старт преку Димитровски успеа да постигне гол и да зголеми на 3-1. По ова екипата на Аптив целосно ја смени стратегијата внесувајќи во своите редови голман играч како би можела да створи вишок во предно поле, ова им појде од рака во 32та минута кога преку Ќамилов намалија на 3-2. Но екипата на Нетцетера успеа преку брз напад да постигне гол во реализација на Радиќ и зголеми на 4-2, од другата страна следуваше брз одговор екипата на Аптив со погодок на Настевски ја одржуваше минималната негатива и жарот во завршницата. Екипата на Аптив немаше доволно сили за целосен пресврт па Нетцетера славеше со 4-3.