Фудбалерите на Барселона зад себе имаат фантастична ендела во која го декласираа Реал Мадрид со 0:4 на гостински терен за викендот, а претходно дома беа подобри од Баерн Минхен во Лигата на шампионите со 4:1.
Во овој момент избраниците на Флик играат фантастичен фудбал и сигурно се една од најдобрите екипи во светот, сепак и во таква ситуација германскиот стратег покажал дека сака дисциплина.
Имено, фудбалерите на Барселона се обиделе да добијат дополнителен слободен ден, трет во низа покрај стандардните два што им следуваат (понеделник и вторник), но Флик го одбил барањето на фудбалерите.
„АС“ пренесува дека фудбалерите разговарале со Флик сакајќи да бидат слободни и во среда, меѓутоа Германецот цврсто останал на својот став подготовките за следните предизвици да ги започнат тој ден.
Барселона за викендот ја очекува градското дерби против Еспањол. Ова барање на фудбалерите веројатно доаѓа од праксата која ја имаше Чави со својот стручен штаб во одредени моменти да ги наградува фудбалерите.