116
Италијанската фудбалска легенда Франческо Тоти навистина може да се врати на спортот.
48-годишникот дури има и понуда од клуб од Серија А. Италијанска „Ла Република“ објави дека конкретен интерес за потпис со Тоти има од страна на Комо. Калчолигашот кој го предводи Цеск Фабрегас би сакал да ја доведе легендата во своите редови.
Најавите велат дека понудата за Тоти е да се врати на фудбалот со договор до крајот на сезоната. Самиот екс-фудбалер во неколку наврати периодов кажуваше дека би сакал да заигра пак во Серија А.
Инаку, Франческо Тоти замина во пензија во 2017 година кога ја заврши кариерата во Рома. Потоа работеше како директор уште две години, а од 2019 нема фудбалски ангажман.