Мишковски: Свесни сме за одговорноста и големината на дресот на Вардар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Искусниот стопер Ненад Мишковски во недела против Работнички ќе го одигра својот стоти натпревар во дресот на Вардар.

Пред овој јубилеј ветеранот зборуваше за клупските мрежи. Тој нагласи дека е свесен од прв ден за колку голем клуб настапува.

Од првиот момент кога дојдов во клубот бев свесен за одговорноста и големината на дресот кој го носам. Горд сум што секогаш сум се борел често, давајќи го максимумот за екипата и навивачите. Особено сум горд на заедничката борба и на тоа што и во најлошите моменти не се предадовме и без разлика на сите пречки ги исполнивме целите. Во недела по стоти пат ќе го облечам црвено-црниот дрес, а на тоа сум најгорд. Ги повикувам навивачите да дојдат во што е можно поголем број и да ни дадат поддршка, сега кога ни е најпотребна“, смета ветеранот.

Сите шест натпревари од ПМФЛ викендов се играат во недела во 13:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани