Според тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, Интер и Наполи се фаворити за Скудетото сезонава во Серија.
Утре во Италија се игра дербито помеѓу Интер и Јувентус, а Мота пред овој натпревар изјави дека не го вбројува неговиот тим во првите два фаворити.
„Јасно е дека фаворити за Скудетото се Наполи и Интер, тие ги освојуваа и во последните две. Утре мораме да се фокусираме и не смееме да правиме грешки ако сакаме успех“, изјави Мота.
Доби прашање Мота и за натпреварот против Штутгарт во Лигата на шампионите во кој неговиот тим го претрпе првиот пораз.
„Тоа е првиот пораз кој ни се случи оваа сезона. Дури и кога ќе победиме, продолжуваме понатаму. Немаме време да славиме и да размислуваме за победата. Минатото е минато. Штутгарт е зад нас, сега играме со Интер“, истакна тренерот на „старата дама“.