Флик посебно воодушевен од една фудбалер на Барселон: Никогаш не сум тренирал таков играч

by Стефан
1 минути читање

Утре со почеток од 21:00 часот Реал Мадрид и Барселона ќе ги одмерат силите во новото „Ел Класико“.

Барселона на табелата има три бода повеќе од Реал Мадрид и навивачите на каталонскиот гигант се надеваат дека таа предност може и да се зголеми по утрешното дерби.

Пред овој натпревар во изјавата за медиумите, тренерот на Барселона, Ханси Флик посебно пофали еден фудбалер на Барселона. Германецот го издвои Рафиња.

„Никогаш во ниту еден тим не сум тренирал фудбалер како Рафиња. Човекот секогаш се дава целиот во натпреварот и го остава срцето на теренот. Со топка или без топка. Рафиња игра неверојатно, секогаш прв започнува со пресингот, креира шанси и ги проследува во завршницата. На сето тоа секогаш е насмеан“, изјави Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани